Позната почетната цена на Honor 30 Pro Plus

Објавено на 14.04.2020 во Новости



Позната почетната цена на Honor 30 Pro Plus

Honor 30 Pro Plus ќе биде ново дополнување на премиум понудата на суб-брендот на Huawei, а со тоа и голема амбиција да освои многу купувачи со врвните перформанси како и прифатливата цена.

Според најновите протечени информации Huawei 30 Pro Plus ќе има почетна цена од 650 евра за верзијата со 8 GB RAM и 128 GB основна вградена меморија. Овој модел на Honor 30 Pro Plus се очекува во продажба да се најде од 21 април, а наскоро потоа да биде достапен и на глобално ниво. 

Автор: Aleksandar Stankov