Nokia 9.3 PureView ќе има врвен дисплеј со 120Hz
Објавено на 15.04.2020 во Новости
HMD Global подготвува врвен дисплеј за новиот премиум смартфон Nokia 9.3 PureView кој е планирано да биде лансиран наесен со најмоќен хардвер и да располага со сите иновации.
Според најновите информации Nokia 9.3 PureView ќе има 6,6 инчен OLED дисплеј со стапка на освежување на екранот од 120Hz и со тоа ќе влезе во најелитното друштво бидејќи само мал број на премиум уреди имаат ваков вид на технологија.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.