Новиот razr ја доби Red Dot - најголемата награда за иновативен дизајн

Објавено на 15.04.2020 во Новости



 Новиот razr ја доби Red Dot - најголемата награда за иновативен дизајн

На 6 април, новиот razr ја доби посакуваната награда Red Dot: “Најдобриот од најдобрите”. Најголемата награда во категоријата Product Design на наградите Red Dot која е резервирана за производи со најиновативен дизајн. Оваа година во трката учествуваа дизајнери и компании од 60 земји со над 6 500 производи.

Во motorola секогаш се стремиме да бидеме иновативни при дизајнирањето и инженерингот на смартфоните со цел да создадеме уреди кои ќе ги задоволат потребите на потрошувачите, истовремено обезбедувајќи им елемент на изненадување и задоволство. Ова важи за целото наше портфолио на производи, но најголемо беше признанието од Red Dot за уникатниот дизајн на преклопување на новиот смартфон motorola razr.

Кога го дизајниравме razr, тргнавме да го создадеме најдобриот смартфон кој користи технологија на флексибилен дисплеј и одговара на клучните потреби на корисниците - да биде преносен. Секое решение во текот на процесот на разработка беше насочено кон обезбедување на неверојатно убав уред, со целосно уникатен а сепак многу практичен, компактен дизајн. Како резултат, razr успеа да ги исполни сите основни принципи на дизајн на motorola - едноставност, изненадување и богатство.

При дизајнирањето на razr, нашиот тим сакаше да создаде иновативно и беспрекорно решение кое ќе го сруши статус-квото на современиот дизајн на смартфони. Razr ја враќа својата идентичност во дизајнот, со која многу од корисниците емоционално се поврзуваат и тоа е навистина уникатно”, изјави Рубен Кастано, раководител на одделот за грижа на корисници во Motorola Mobility.

На 22 јуни 2020 година, razr ќе биде дел од изложбата “Основни моменти во современиот дизајн” во музејот Red Dot Design Essen, каде што се изложуваат сите наградени производи.

Честитки до целиот тим кој вдахна живот во новиот razr. За повеќе информации во врска со razr, следете ја facebook фан страница.

За наградата Red Dot Design

За професионално да се оцени различноста во дизајнот, наградата Red Dot Design е поделена на три дисциплини - Red Dot Award: Дизајн на производи, Red Dot Award: Дизајн на бренд и комуникација и Red Dot Award: Концепт за дизајн. Со над 18 000 учесници, наградата Red Dot е еден од најголемите светски натпревари за дизајн. Во 1955 година, за прв пат беше свикано жири, за да ги оцени најдобрите дизајни. Во 90-те години, професорот Д-р. Питер Зеке, извршен директор на Red Dot, го разработи името и брендот на наградата. Оттогаш, доделувањето на наградата Red Dot е најпочитуваниот меѓународен натпревар за дизајн. Повеќе информации се достапни на www.red-dot.de