Apple развива безжични слушалки на кои ќе им ги менувате деловите

Објавено на 17.04.2020 во Новости



Apple развива безжични слушалки на кои ќе им ги менувате деловите

Apple е секогаш затворен кога станува збор за производите на кои работат. Така протече информацијата дека Apple работи на нови, врвни безжични слушалки што би биле модуларни, т.е. на кои би можеле да менувате одредени делови.

Веројатно Apple развива две верзии на новите слушалки, при што едните би требало да бидат со кожени или слични материјали и оставаат луксузен впечаток, додека другата верзија е спортска, изработена од полесни и проѕирни материјали. Се уште нема никакви слики, но Bloomberg тврди дека прототиповите имаат ретро изглед со овални слушалки што ги покриваат ушите и метална рамка што ги поврзува. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: