Samsung Galaxy A30s стигна до надградбата со Android 10

Објавено на 17.04.2020 во Новости



Samsung Galaxy A30s стигна до надградбата со Android 10

Samsung Mobile ја започне софтверската надградба за еден од почетните смартфони во средната класа Samsung Galaxy A30s со последната достапна верзија на оперативниот систем Android 10.

Samsung Galaxy A30s со надградбата на софтверот добива пристап до целосна примена на Dark Mode менито што ќе им овозможи поголем избор на корисниците, како и заштеда на батерија при осветлување на екранот. 

Исто така со софтверската надградба Samsung Galaxy A30s ги добива сите закрпи на безбедноста од последните закани за пробивање или злоупотреби на софтверот, па така отстранети се сите слабости.