Honor 9X Pro пуштен во продажба во Европа

Објавено на 17.04.2020 во Новости



Honor 9X Pro пуштен во продажба во Европа

Новиот модел од достапната средна висока класа Honor 9X Pro е пуштен во продажба во Европа и веќе може да се купи во неколку земји, со тоа што нивниот број ќе се зголемува во деновите кои претстојат.

Honor 9X Pro ќе има цена од околу 250 евра во зависност од земја до земја, а за тие пари нуди доста солидни перформанси со HiSilicon Kirin 810 процесор, 6,6 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2340 пиксели, 8 GB RAM, 128 GB меморија и батерија со капацитет од 4000 mAh, без дополнително брзо полнење.

Honor 9X Pro исто така нуди тројна главна камера на задната страна со примарен сензор од 48 мегапиксели, додека пак селфи камерата има 8 мегапиксели. 





Прочитајте повеќе: