Nokia 7.3 најверојатно ќе има 64 мегапикселна камера

Објавено на 17.04.2020 во Новости



Nokia 7.3 најверојатно ќе има 64 мегапикселна камера

HMD Global се уште прави тестови за финалните спецификации на новиот потентен смартфон Nokia 7.3 кој најверојатно ќе има тројна главна камера на задната страна, а примарниот сензор ќе биде доста импресивен.

Според едното сценарио на HMD Global е за Nokia 7.3 да се примени 64 мегапикселна камера со ZEISS оптика, заедно со зензор за ултраширока леќа од 12 мегапиксели, еден сензор наменет за марко фотографија и еден широк сензор од 2 мегапиксели.

Според друго сценарио постои можност и за 48 мегапикселна камера на главниот модул на Nokia 7.3 па повеќе детали очекуваме наскоро. 

Автор: Aleksandar Stankov