Google Play Store ќе има дел за апликации наменски само за деца со наставници

Објавено на 18.04.2020 во Новости



Google Play Store ќе има дел за апликации наменски само за деца со наставници

Google Play Store сега остава простор за посебен простор со апликации, што ќе биде само за деца, одобрени од наставниците. На тој начин и родителите ќе може да ги контролираат полесно.

„Супер содржина за деца може да има повеќе форми: Дали ја предизвикува љубопитноста? Дали му помага на детето да учи? Дали е едноставно забавна? За да ги споделиме најдобрите апликации за деца на Play Store, се здруживме со академски експерти и наставници низ целата земја, вклучувајќи ги и нашите водечки советници, Џо Блат (Факултет за образование на Харвард) и д-р Сандра Калверт (Џорџтаун Универзитет). Апликациите што ги имаат оценето наставниците и ги исполнуваат нашите стандарди за квалитет добиваат значка „одобрена од наставниците“, соопштува Google.

Play Store ќе има Kids сегмент, а апликациите ќе може да се разгледуваат во однос на возраста на детето, квалитетот на искуството и зголемувањето на познавањата. Ова прво ќе биде овозможено во САД, а подоцна и во остатокот на светот.