WhatsApp ќе го зголеми бројот на учесници во аудио и видео групните позиви

Објавено на 18.04.2020 во Новости



WhatsApp ќе го зголеми бројот на учесници во аудио и видео групните позиви

WhatsApp иако е една од најпопуларните мобилни апликации за комуникација многу заостанува зад конкурентите во време кога повеќето луѓе работат од дома и имаат потреба од онлајн алатки за конференциски состаноци и групни позиви.

Затоа во следната надградба на WhatsApp лимитот од четири учесници во еден групен позив ќе биде зголемен за да се одговори на вонредните потреби предизвикани од корона вирусот. 

Засега не е познато на колку учесници ќе биде зголемен лимитот на WhatsApp, но за да се искористи ќе треба сите членови во еден позив да ја имаат инсталирано новата верзија на апликацијата веднаш штом биде лансирана.

Автор: Aleksandar Stankov