OnePlus Z одложен за неодредено време

Објавено на 18.04.2020 во Новости



OnePlus Z одложен за неодредено време

OnePlus Z иако долго време се очекува како многу атрактивен смартфон во средната висока класа со достапна цена која е многу компетитивна, сепак ќе треба да биде почекан уште некое време бидејќи нема план за негово брзо лансирање.

Засега од OnePlus фокусот е ставен на премиум моделите OnePlus 8 и OnePlus 8 Pro, па така уредот од средната класа можеби ќе треба да почека уште некое време додека не се стабилизира економската состојба и здравствената криза.