Google развива смарт дебитна картичка конкурент на Apple Card

Објавено на 19.04.2020 во Новости



Google развива смарт дебитна картичка конкурент на Apple Card

Google влегува во светот на финансиите со развој на нова смарт дебитна картичка која треба да му конкурира на Apple и нивната веќе воспоставена платежна картичка Apple Card.

Засега Google е во преговори со банкарските институции Stanford Federal Credit Union и Citi Bank за изработка на дебитна картичка за корисниците која ќе нуди голем број на поволности покрај можноста за плаќање онлајн, безконтактно и за мобилни трансакции.

Следен чекор ќе биде интеграција на Google Card со Google Pay системот за плаќање преку Android смартфон и широка лепеза на финансиски услуги за корисниците.