Видео: Откриени сите детали за дизајнот на iPhone 12 Pro Max

Објавено на 20.04.2020 во Новости



Видео: Откриени сите детали за дизајнот на iPhone 12 Pro Max

Благодарение на добавувачи на маски за Apple, откриен е речиси целосниот дизајн на следниот премиум смартфон iPhone 12 Pro Max за кого е познат 70% од неговиот изглед, а останува уште да се утврди положбата и поставеноста на четирите главни камери на задната страна.

iPhone 12 Pro Max ќе има прилично рамна задна површина и нешто поостри рабови наместо заобленост како кај последните неколку генерации на Apple. Од тој аспект iPhone 12 Pro Max ќе има ретро изглед нешто слично како кај iPhone 5s од пред седум години. 

Овој дизајн на iPhone 12 Pro Max да има потенки рабови, поефикасно поставување на дисплејот и страничниот дел каде се наоѓаат физичките копчиња.