Спецификациите на Motorola Edge и Edge+

Објавено на 21.04.2020 во Новости



Спецификациите на Motorola Edge и Edge+

Утре на 22 април Motorola Mobility ќе презентира два модела на смартфони, а едниот можеме и да го видиме на слика. Слика на Twitter е објавена со Motorola Edge, кај која може да се видат три камери на задната страна, првата од 64MP, втората од 16MP и третата од 8MP, додека одоздола имате ласерски авто-фокус.

Motorola Edge се очекува да биде со 6,67-инчен дисплеј, резолуција од 2.340х1.080 пиксели, фреквенција на дисплејот од 90Hz, 6GB RAM+128GB меморија, Qualcomm Snapdragon 765 процесор и батерија со капацитет од 4.500 mAh.