Видео: Што нуди новата Magic Keyboard за iPad Pro

Објавено на 21.04.2020 во Новости



Видео: Што нуди новата Magic Keyboard за iPad Pro

Apple неодамна претстави неколку новитети за серијата на iPad Pro таблети меѓу кои и новата додатна физичка тастатура Magic Keyboard чија главна цел е да го претвори таблетот во лаптоп единица.

Со Magic Keyboard за iPad Pro добивате физичка тастатура со тракпад и механизам на ножички за внес на команди, како истовремено и потпирач за екранот на таблетот кој може да го поставите во различни позиции.

Magic Keyboard е еден од поскапите додатоци на Apple, па така за iPad Pro со 11 инчен екран ќе треба да издвоите 339 евра, додека пак за поголемиот таблет со екран од 12,9 инчи ќе треба да платите дури 399 евра. 





Прочитајте повеќе: