Viber воведува пораки со рок на траење на чет

Објавено на 22.04.2020 во Новости



Viber воведува пораки со рок на траење на чет

Последните две години корисниците на Viber што користат тајни четови може да го темпираат траењето на пораката што ја испраќаат. Конкретно, може да одредат колку долго таа порака е видлива за другата страна.

Тоа е од особена корист кога станува збор за чувствителни информации или непријатни фотографии. Од Viber објавуваат дека таа опција ќе ја добијат и обичните четови. Конкретно, со следната верзија на апликации што треба да се појави на смартфоните овие денови, сите корисници ќе може да одредат колку долго ќе вреди нивната порака. Истата функција се спрема и во WhatsApp