Apple го спрема поевтиниот iPhone SE Plus со голем дисплеј

Објавено на 23.04.2020 во Новости



Apple го спрема поевтиниот iPhone SE Plus со голем дисплеј

Минатата недела Apple го претстави новиот модел iPhone SE, кој е евтин телефон, а под хауба го поседува најмоќниот хардвер на Apple. Квалитетот на неговата камера треба да ги задоволи и големите љубители на фотографија.

За оние што 4,7 инчен екран е мал, iPhone SE не е доволно добар за нив. Затоа Кук работи на моделот iPhone SE Plus, телефонот што хардверски треба да биде сличен на неодамна претставениот уред, но би требало да има поголем екран. Се споменува дијагоналата од 5,5 инчи, каква што ја има iPhone 8 Plus, па се до 6,1 инч. И тој модел нема да има Face ID, туку само Touch ID, шо е сосема доволно. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: