Откриен голем пропуст на iPhone во Mail

Објавено на 23.04.2020 во Новости



Откриен голем пропуст на iPhone во Mail

Apple мораше брзо да реагира за да острани голем пропуст кој е откриен во Mail апликацијата за iPhone кој може да биде злоупотребен од страна на хакери за пристап до податоците на корисникот.

Со овој пропуст се што треба е да се испрати маил со соодветна команда по што смартфонот или таблетот на корисникот се ресетира, а хакерот може да дојде до многу податоци кои се складирани во Mail апликацијата. 

Пропустот е откриен од компанијата за безбедност ZecOps откако нивен клиент, компанија во топ 500 од САД била жртва на ваков вид на напад.

Apple презема мерки за надградба на оперативниот систем iOs 13 и отстранување на безбедносниот пропуст.





Прочитајте повеќе: