Twitter брише објави што повикуваат уништување на 5G

Објавено на 24.04.2020 во Новости



Twitter брише објави што повикуваат уништување на 5G

Социјалните мрежи имаат полни раце работа со оглед на тоа што се појавуваат бројни теории на заговор. Twitter објави дека ќе ги отстрани сите непроверени објави што се поврзани со 5G и коронавирусот, кои би можеле да доведат до оштетување или уништување на 5G инфраструктурата.

Ќе бидат отстранети објави што поттикнуваат уништување и насилство, но не и твитови што зборуваат за различни теории и непроверени информации за коронавирусот и 5G.