Неверојатни 10 милијарди долари се потрошени за игри само за март

Објавено на 24.04.2020 во Игри



Неверојатни 10 милијарди долари се потрошени за игри само за март

Поради ситуацијата со коронавирусот, луѓето повеќе играат игри дома и затоа се продаваат повеќе конзоли и игри, како и лаптопи и компјутери. Во март се продадени игри и искеширани се вртоглави 10 милијарди долари, објави SuperData.

Вкупните приходи од продажбата на дигитални игри во март се за 11% повисоки во споредба со истиот период во 2019 година, додава SuperData, затоа што физичките продавници се затворале, па така се зголемил онлајн шопингот. Приходите од продажбата на игри во март скокнаа за 70% во споредба со претходниот месец февруари. Најпродавани игри се Animal Crossing: New Horizons, со 5 милиони продадени дигитални копии и Pokemon Go со 18% зголемена продажба.