Motorola: Одличен дизајн, голем дисплеј и врвен хардвер

Објавено на 25.04.2020 во Новости



Motorola: Одличен дизајн, голем дисплеј и врвен хардвер

После долго време од Motorola пристигнува смартфон што може да конкурира за титулата за најдобар смартфон на годината. Одличен дизајн, голем екран и топ хардвер би можеле да заинтересираат голем број на личности што после завршувањето на коронакризата ќе размислуваат за купување на нов смартфон.

Edge+ доаѓа со OLED дисплеј од 6,7 инчи и фреквенција од 90Hz. Под хауба има Snapdragon 865 процесор, 12GB работна меморија и 256GB внатрешна меморија. Има тројна задна камера од 108MP (отвор на бленда f1/8) + 16MP + 8MP телефото камера со 3х оптички зум. Од предната страна се наоѓа камерата со резолуција од 25MP. Капацитетот на батеријата изнесува 5000mAh, која може да издржи два дена со едно полнење, тврдат од Motorola.

Батеријата може да се полни безжично, а може да сурфате со 5G брзини на местата каде што е дозволено. Цената не е ситница и изнесува илјада долари на американскиот пазар, каде прво ќе се појави кон средината на следниот месец.