Xiaomi Redmi Note 9 тргнува во глобален поход

Објавено на 25.04.2020 во Новости



Xiaomi Redmi Note 9 тргнува во глобален поход

Xiaomi на 30 април на глобално ниво ќе ја лансира новата серија на смартфони од високата класа Xiaomi Redmi Note 9 со прифатливи цени и многу новитети за корисниците.

Xiaomi Redmi Note 9 серијата покрај основниот модел располага и со понапредните смартфони како Xiaomi Redmi Note 9 Pro и Xiaomi Redmi Note 9 Pro Max. Уредите ги краси главна камера на задната страна со четири сензори, осум-јадрен Snapdragon 720G процесор и поддршка за 5G мобилна конекција.