Познати се цените на iPhone SE 2020 за Европа

Објавено на 25.04.2020 во Новости



Познати се цените на iPhone SE 2020 за Европа

Apple во повеќе од 40 земји во светот меѓу кои и најголемите пазари за продажба на смартфони го лансираше новиот мобилен уред од средната класа iPhone SE 2020, па веќе е позната и неговата просечна цена.

Во Европа iPhone SE 2020 иако е уред кој според дизајнот потсетува на застарениот iPhone 8 и нема голем број на модерни новитети држи доста висока цена од околу 480 евра за основната верзија со 64 GB вградена меморија. 

За споредба iPhone SE 2020 со истата меморија во САД се продава за цена од 399 долари.