Дури догодина доаѓаат Apple AirPods 3

Објавено на 27.04.2020 во Новости



Дури догодина доаѓаат Apple AirPods 3

Apple оваа година најверојатно нема да лансира нова генерација на безжични слушалки, па затоа за AirPods 3 корисниците ќе треба да почекаат до следната година. 

Точната причина за застојот во напредокот на Apple на технологијата на безжични слушалки не е е позната, но вообичаено Apple има двегодишен циклус на мобилните уреди вклучително и за производи како Apple AirPods.

Оваа година најверојатно ќе биде лансиран нов модел на Beats слушалките кои ќе бидат компатибилни со iPhone 12 смартфонот кој ќе биде лансиран наесен.