Базниот камп на Монт Еверест сега има 5G покриеност

Објавено на 27.04.2020 во Новости



Базниот камп на Монт Еверест сега има 5G покриеност

Кинескиот мобилен оператор China Mobile за прославата на 20 години самостојно функционирање од претходното државно сопствеништво постави 5G мрежа на базниот камп на Монт Еверест.

Поставена е линија во должина од 177 километри која покрива 3 станици со 5G мобилна мрежа на надморска височина од 5,364 метри. 

Со новата мрежна 5G покриеност значително ќе се олесни комуникацијата на популарната планина која илјадници планинари годишно доаѓаат да ја искачат за да стигнат до највисокиот врв на планетата. Со 5G мрежата ќе може да се врши стриминг 24/7 без оглед на надворешните фактори.