Sony Xperia L4 лансиран во Европа за топ цена

Објавено на 28.04.2020 во Новости



Sony Xperia L4 лансиран во Европа за топ цена

Sony го пушти во продажба на европско тло новиот смартфон од основната класа Sony Xperia L4 кој има квалитетен сетап, солидни перформанси и симпатичен модерен дизајн за цена од околу 200 евра.

Sony Xperia L4 нуди 6,2 инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 720 x 1680 пиксели, работи со осум-јадрен MediaTek Helio P22 процесор, 3 GB RAM, 64 GB основна вградена меморија, тројна главна камера на задната страна, селфи камера од 8 мегапиксели на предната страна, како и батерија со капацитет од 3,580 mAh.