Huawei P Smart 2020 доаѓа со топ цена

Објавено на 29.04.2020 во Новости



Huawei P Smart 2020 доаѓа со топ цена

Huawei го подготвува европскиот пласман на новиот евтин смартфон од средната класа Huawei P Smart 2020 кој ќе понуди многу квалитетни перформанси за ниска цена.

Huawei P Smart 2020 ќе поседува 6.21 инчен LCD дисплеј со FHD+ резолуција од 2340 x 1080 пиксели, 8 мегапикселна селфи камера, двојна главна камера, ќе работи со осум-јадрен Kirin 710F процесор, 4 GB RAM, 128 GB основна вградена меморија, и батерија со капацитет од 3,400 mAh 

Huawei P Smart 2020 на европскиот пазар ќе биде достапен во зелена, црна и сина боја на маската, а ќе чини околу 200 евра.