iPhone ќе се отклучува и со маска на лицето
Објавено на 30.04.2020 во Новости
Apple лансираше нова софтверска надградба на оперативниот систем iOs 13.5 која е во бета фаза на тестирање и наскоро ќе биде достапна за сите корисници.
Во новата верзија на iOs 13.5 овозможено е полесно отклучување на iPhone смартфонот преку Face ID скенерот на предната камера.
Доколку смартфонот детектира дека носите маска и неможе да го скенира вашето лице тогаш ќе отвори прозорец за внесување на паскодот со што брзо ќе го откчучите iPhone смартфонот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.