Наскоро доаѓа римејк на Nokia 150

Објавено на 30.04.2020 во Новости



Наскоро доаѓа римејк на Nokia 150

HMD Global планира наскоро да лансира римејк на обичниот телефон Nokia 150. Токму овој модел беше прв во нивната линија откако ја „спасија“ Nokia и овој препознатлив бренд го вратија на пазарот.

Римејкот на Nokia 150 и натаму ќе припаѓа на класата на обични телефони со мал број на апликации и смарт функции, но овие уреди секако имаат своја корист, пред за постарата генерација на корисници кои не се навикнати да работат со смартфони, а од друга страна се многу евтини.

Цената на новиот Nokia 150 се очекува да не биде повисока од 25 евра.