Samsung прави камера со неверојатни 250 мегапиксели

Објавено на 30.04.2020 во Новости



Samsung прави камера со неверојатни 250 мегапиксели

Samsung сака постојано да руши рекорди и да ги поместува границите на мобилната фотографија, па затоа планира да развие камера за смартфон која како примарен сензор ќе има 250 мегапиксели.

Засега рекордот го држи Samsung Galaxy S20 Ultra со импресивната камера со примарен сензор од 108 мегапиксели и 100х зум. Планот е да се забрза развојот за следните генерации на Galaxy и Note смартфони и веднаш да се скокне до 250 мегапикселна камера.

Автор: Aleksandar Stankov