Поевтиниот Google Pixel 4a доаѓа на крајот на мај

Објавено на 30.04.2020 во Новости



Поевтиниот Google Pixel 4a доаѓа на крајот на мај

Google дефинитивно ги почуствува последиците од кризата со корона вирусот и иако едно време беше подготвен да го лансира новиот поевтин модел Google Pixel 4a, сепак одлучи да го одложи смартфонот за крајот на пролетта.

Сега се шпекулира дека следен планиран датум за лансирање на Google Pixel 4a е 22 мај за кога се очекува да се ублажи пандемијата на корона вирусот, а со тоа и многу полесно овој смартфон да се најде на пазарот.

Исто така се вели дека Google Pixel 4a во Европа ќе има просечна цена од 399 евра, со што ќе биде поевтин од iPhone SE 2020.