Робот пречекува пациенти со благи симптоми на COVID-19

Објавено на 04.05.2020 во Новости



Робот пречекува пациенти со благи симптоми на COVID-19

Јапонските власти одлучиле да им понудат хотели за сместување на позитивните на коронавирусот со благи симптоми, поради што не им е потребна хоспитализација. Роботите би требало да ја олеснат работата на медицинските сестри и останатиот медицински персонал.

Во еден токиски хотел, роботот Pepper носи заштитна маска и во ходникот ги пречекува пациентите: „Ве молам за време на престојот во хотелот да носите маска. Се надевам дека ќе закрепнете што порано“.

Јапонија во цела земја обезбеди над 10 илјади хотелски соби за сместување на пациенти со благи симптоми. А Pepper има вграден најнов софтвер со вештачка интелигенција и ја извршува својата работа во различни делови од хотелот, вклучувајќи го и ризичното подрачје на црвената зона, каде пристапот на човечкиот персонал е ограничен.