Honor X10 потврден дека излегува, веројатно ќе е 19 мај

Објавено на 04.05.2020 во Новости



Honor X10 потврден дека излегува, веројатно ќе е 19 мај

Honor X10 се појави на списокот на TENAA со спецификациите и официјалното име. Новиот модел ќе биде со IPS LCD дисплеј од 6,63 инчи, со Full HD+ резолуција, сензор за отпечатоци на прсти на работ на телефонот и Kirin 820 5G процесор.

Ќе има 8GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија, што може да се проширува со microSD картичка, батерија со капацитет од 4300mAh, 22.5W брзо полнење и поп-ап селфи камера со 16MP, а пак на задната страна со тројна камера од 40MP Sony IMX600y + 8MP ултраширока камера + 3MP сензор за длабочина. Датата за официјална објава не е потврдена, но се прогнозира дека тоа ќе биде на 19 мај.