Боите на Facebook ќе се менуваат за да одговараат на корисникот

Објавено на 04.05.2020 во Новости



Боите на Facebook ќе се менуваат за да одговараат на корисникот

Facebook развива нова верзија на мобилната апликација која ќе добие можност за менување на бојата на позадината за истата да одговара на стилот на профилната и кавер слика на корисникот.

Со новата верзија на Facebook само ќе се применат козметички измени за апликацијата да има поубава визуелна презентација, а со самото тоа да биде и попривлечна за користење. 

Новитетите на Facebook засега се во експериментална фаза додека софтверот за прилагодување на боите не се усоврши и не ги даде најдобрите стилски промени на позадината.