Тим Кук е убеден дека овој iPhone ќе ги привлече „Android-ашите“

Објавено на 05.05.2020 во Новости



Тим Кук е убеден дека овој iPhone ќе ги привлече „Android-ашите“

Тим Кук не сака да прогнозира каков ќе биде исходот за овој квартал поради несигурноста од коронакризата. Тој само вели дека има голема побарувачка за новиот iPhone SE. Станува збор за ценовно прифатлив смартфон, кој со својата цена ќе ги привлече клиентите.

Извршниот директор на Apple не мисли дека купувачите на евтиниот телефон ќе бидат оние што претходно купувале iPhone 11 или 11 Pro, туку SE ќе го купуваат оние што сега имаат Android. Новиот iPhone SE ќе го купуваат оние што сакаат смартфон со мали димензии и моќен хардвер, чија цена изнесува 399 долари за моделот со 64GB меморија.