Кој стои зад ширењето на дезинформации за коронавирусот на Facebook

Објавено на 05.05.2020 во Новости



Кој стои зад ширењето на дезинформации за коронавирусот на Facebook

Без оглед дали ви пратиле информација од известување од Facebook или од некој пријател, главно се работи за дезинформации што привлекуваат големо внимание. BBC Click и британскиот Институт за стратешки дијалог, направиле истражување кое покажало дека политички екстремните и медицински заедници се обидуваат да ја искористат пандемијата за коронавирусот онлајн.

Во истражувањето се опфатени околу 150.000 јавни објави на Facebook од јануари, чии автори припаѓаат на 38 екстремно десни групи. Истражувачите откриле дека се користеле пет теми во периодот на коронавирусот: имиграција, ислам, јудаизам, ЛГБТ и светска елита. Од сите теми, после воведувањето на епидемиолошките мерки и карантинот во цел свет, доминантно најспоменувана е темата за светските елити.

Во дискусиите за „тајната држава“ (deep state) во врска со светската елита се спомнуваат Џеф Безос, фамилијата Ротшилд, Џорџ Сорос и Бил Гејтс. Особено Бил Гејтс, најмногу од сите нив, се обвинува за предизвикување на пандемијата со коронавирусот.

Преовладува мислењето дека вирусот е намерно направен, неговото влијание е пренапумпано или дека за него веќе постои лек. Луѓето претпоставуваат дека елитите преку карантинот ги контролираат луѓето, нагласува Клои Куливер, водачот на истражувањето. 34 идентификувани веб страници, вкупно реализирале над 80 милиони интеракции, додека WHO во истиот период реализирал 6,2 милиони интеракции, додека американскиот CDC 6,4 милиони интеракции.