Потврдено: Honor X10 доаѓа наскоро со 5G поддршка

Објавено на 06.05.2020 во Новости



Потврдено: Honor X10 доаѓа наскоро со 5G поддршка

Honor суб-брендот на Huawei се подготвува на 20 мај да лансира нов смартфон од средната класа со достапна цена и поддршка за супер брза 5G мобилна конекција.

Станува збор за моделот Honor 10X кој наскоро доаѓа со 6.63 инчен LCD дисплеј со Full HD + резолуција, ќе работи со осум-јадрен Kirin 820 процесор, тројна главна камера со сензор на Sony на задната страна, 16 мегапикселна селфи камера, како и батерија со капацитет од 4200 mAh.

Оваа вест веќе е и официјално потврдена преку најава на социјалната мрежа Weibo што значи дека настанот првично се планира само за Кина. Секако, по презентацијата на Honor 10X очекуваме и негово глобално пласирање.