AR Cut & Paste: Апликација што директно пренесува фотка од телефон на компјутер
Објавено на 06.05.2020 во Новости
Девелоперот Кирил Дајгни креирал софтвер што користи технологија со проширена реалност што користи поврзување на вашиот смартфон со вашиот компјутер, со цел вашите предмети и нешта што ги гледате околу вас, едноставно да бидат пренесени на екранот на компјутерот.
AR Cut and Paste е апликација со која едноставно го фотографирате предметот што го сакате, софтверот го сече и потоа е доволно да ја насочите камерата на мобилниот во дел од екранот на компјутерот, каде што сакате предметот да се внесе. Апликацијата наскоро ќе биде достапна на Google Play Store и App Store.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.