Poco F2 Pro доаѓа следната недела

Објавено на 07.05.2020 во Новости



Poco F2 Pro доаѓа следната недела

Pocophone најверојатно следната недела на 12 мај ќе го претстави наследникот на флегшип шампионот Poco F1. Според најавите на 12 мај ќе се одржи промоцијата на Poco F2 и Poco F2 Pro.

Тоа што засега е познато е дека за жал годинава цените на Poco F2 моделите ќе бидат речиси двојно поскапи од првата генерација на смартфони на веќе суб-брендот на Xiaomi, но ќе имаат одлични перформанси.