Apple ќе биде домаќин на WWDC20 во јуни

Објавено на 07.05.2020 во Новости



Apple ќе биде домаќин на WWDC20 во јуни

Apple веќе има дата кога ќе ги презентира новите iOS, MacOS, iPadOS, WatchOS и TVOS за време на WWDC20 конференцијата. Датата е 22 јуни, кога ќе бидат презентирани и новите ажурирања на софтверот. Поради коронавирусот програмерите ќе го следат настанот од дома.

„WWDC20 ќе биде најголемиот настан, на кој ќе споделиме нови информации за плановите на Apple. Едвај чекаме со програмерите од цел свет да ги споделиме сите алатки на кои работевме досега за да им помогнеме да создадат уште поневеројатни апликации и услуги“, изјави Фил Шилер, маркетинг шефот во Apple.

Сите информации за Apple, во иднина компанијата ќе ги споделува преку Apple Developer апликацијата.