Вештачка интелигенција ќе ги надгледува Французите дали носат маски

Објавено на 08.05.2020 во Новости



Вештачка интелигенција ќе ги надгледува Французите дали носат маски

Франција ќе ги набљудува своите граѓани дали носат маски во јавен превоз преку камери со вештачка интелигенција. Надзорните камери со вештачка интелигенција веќе се во тестна фаза, со оглед на тоа што маските веќе стануваат задолжителни за носење.

На прв поглед камерите и вештачката интелигенција делуваат како катастрофа за приватноста на луѓето. DatakaLab, компанијата што го развила софтверот, не уверува дека нема причини за страв и грижа за повреда на приватноста. Имено, камерите не може да ги идентификуваат луѓето со маски и без нив, односно камерите нема да се користат за казнување, туку за собирање на анонимни податоци за бројот на луѓе што не носат маски. Веруваме ли дека приватноста на човекот ќе биде зачувана или не?