Samsung продал над 6 милиони Galaxy A51 телефони во Q1 2020

Објавено на 08.05.2020 во Новости



Samsung продал над 6 милиони Galaxy A51 телефони во Q1 2020

Galaxy A51 од средната класа, која гледа кон премиум класа на смартфони, е ѕвездата на Samsung за првата четвртина на 2020 година. Според најновите истражувања на компанијата Canalys, Samsung продал над 6 милиони парчиња во Q1 2020, што е еднакво на најпродаваниот смартфон во тој период.

iPhone 11 во истиот период се продал во 18 милиони примероци, потоа Xiaomi Redmi Note 8/8T (8 милиони). Galaxy A10s е продаден во 5 милиони примероци. Galaxy A51 е смартфон со солидни перформанси, прекрасен 6.5-инчен AMOLED дисплеј, елегантен дизајн, добра батерија и четворна задна камера. Неговата цена изнесува 350 долари.