YouTube Music надграден со нови функции

Објавено на 08.05.2020 во Новости



YouTube Music надграден со нови функции

Музичкиот стриминг сервис YouTube Music кој функционира како посебна мобилна и десктоп апликација доби нова надградена верзија во која се вклучени неколку новитети и подобрувања.

Од позначајните се издвојуваат новото мени Explore преку кое може да откривате нови песни и артисти, како да добивате предлози за плејлисти со музика според одредено расположение во моментот.

Исто така корисниците на YouTube Music ќе може да ги прегледуваат текстовите на песните кои сега се интегрирани во самиот сервис. Новитетите ќе бидат лансирани за мобилните верзии на YouTube Music за Android и iOs.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: