Xperia 10 и Xperia 10 Plus ја добија надградбата со Android 10

Објавено на 08.05.2020 во Новости



Xperia 10 и Xperia 10 Plus ја добија надградбата со Android 10

Sony Mobile ја активираше софтверската надградба за квалитетните смартфони од средната класа Xperia 10 и Xperia 10 Plus кои лани беа лансирани заедно со Xperia 1, а влегуваат во категоријата на уреди кои ќе имаат подолгорочна поддршка за надградби на системот.

Сега Xperia 10 и Xperia 10 Plus ќе бидат надградени со најновата достапна верзија на оперативниот систем Android 10 што значи ќе имаат целосен пристап до Dark Mode менијата, добиваат подобра заштита на приватноста, како и подобро менаџирање на нотификациите.