Redmi подготвува нова верзија на Redmi K30 5G
Објавено на 09.05.2020 во Новости
Redmi не застанува со лансирање на нови верзии на супер смартфонот Redmi K30 и по Pro и Zoom моделите, сега се подготвува да го претстави и новиот Redmi K30 5G Speed.
Според најновите информации Redmi K30 5G Speed едицијата ќе има 6,7 инчен дисплеј со Full HD Plus резолуција и refresh rate од 120Hz, двојна селфи камера на предната камера, тројна главна камера на задната страна, 128 GB основна вградена меморија, 8 GB RAM.
Redmi K30 5G Speed ќе работи со новиот осум-јадрен Snapdragon 768G кој е најбрз во оваа класа и со најдобри перформанси.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.