Samsung Galaxy A20s добива значајна софтверска надградба

Објавено на 09.05.2020 во Новости



Samsung Galaxy A20s добива значајна софтверска надградба

Samsung Mobile се грижи и за корисниците на смартфоните од пониските класи, па затоа подготви голема и значајна софтверска надградба за моделот од средната класа Samsung Galaxy A20s.

Корисниците на Samsung Galaxy A20s преку онлај системот за надградби ќе може да го инсталираат новиот софтвер кој има двојна надградба.

Прво ја носи новата верзија на оперативниот систем Android 10 заедно со Dark Mode режимот на работа низ сите системски апликации, со подобар приказ на нотификации, заштита на податоците и подобрени перфоманси.

Вториот дел од софтверската надградба на Samsung Galaxy A20s е поврзан со новата верзија на корисничкиот интерфејс OneUi 2.0 кој носи неколку измени во менијата, поправка на претходни пропусти и безбедносни слабости.