Nokia 9.3 PureView 5G ќе го има најмоќното 8K HD снимање?

Објавено на 10.05.2020 во Новости



Nokia 9.3 PureView 5G ќе го има најмоќното 8K HD снимање?

HMD Global со надеж дека е доволно моќен да се претстави на највисоко ниво во премиум класата полека го развива следниот ѕвер Nokia 9.3 PureView 5G кој според досегашните подготовки би требало да поседува одличен адут.

Имено, Nokia 9.3 PureView 5G се уште се тестира со нова технологија за камерата која ќе има потенцијал за снимање во 8K HD резолуција со 30 fps заедно со нов смарт алгоритам кој треба да произведува највисок квалитет на видеата.

Ова навистина звучи ветувачки, па така HMD Global има доволно време до декември годинава да го лансира Nokia 9.3 PureView 5G со сите очекувани новитети и иновации кои ќе го сместат во директна борба со премиум конкурентите.