iPhone 11 не влезе во топ 10 камера смартфони на DxOMark

Објавено на 11.05.2020 во Новости



iPhone 11 не влезе во топ 10 камера смартфони на DxOMark

DxOMark како еден од најважните сајтови за бенчмарк тестови на камерата на смартфоните ги откри своите оценки за премиум моделот iPhone 11 и резултатите иако се одлични, сепак не се доволни.

iPhone 11 според оценките за селфи камерата, главната камера како и снимањето на видеа го освои вкупно 13-тото место иако е еден од поскапите смартфони во оваа класа. Причина за тоа е фиксираниот фокус на селфи камерата која има 12 мегапиксели и споредено со други конкуренти бележи пониски резултати. 

Главната камера на iPhone 11 има послаби резултати при слаба надворешна осветленост, понеприродна боја на лицата на сликите и недоволно моќен фокус на поголема далечина. 



Прочитајте повеќе: