Роботот Spot контролира во паркот дали има физичка дистанца

Објавено на 11.05.2020 во Новости



Роботот Spot контролира во паркот дали има физичка дистанца

Шетањето на роботот во парк во Сингапур изгледа како почеток на некој апокалиптичен филм. Изгледа дека ова ќе биде нормална работа во нашите животи. Spot, роботското куче добил улога на чува, каде води сметка да не се собираат премногу луѓе низ паркот.

Тестирањето на роботот моментално трае само во тој парк. Доколку се покаже како ефикасен, наскоро и во другите сингапурски паркови би можеле да шетаат такви роботи и да се грижат за одржувањето на физичка дистанца. Роботот сепак нема да се движи сам, затоа што со него управува оператор од оддалечено место.