Blackview го претстави новиот робусен смартфон и смартчасовник

Објавено на 12.05.2020 во Новости



Blackview го претстави новиот робусен смартфон и смартчасовник

Blackview го претстави новиот робусен смартфон BV5500 Plus и новиот смартчасовник X1. Наменет е првенствено за активни лица што минуваат многу време во природа со спортски активности.

Новиот уред работи на температура од -30 до 60 степени Целзиусови, кои без проблем издржуваат удари и падови од висина до 1,5 метри. Исто така, доаѓа и со заштита од прашина и вода, па така може до еден час да помине 1,5 метри потопен во вода. 

Blackview BV5500 Plus доаѓа со 5,5 инчен дисплеј, MediaTek MT6739 процесор, 3GB работна меморија и 32GB внатрешна меморија. Од задната страна има две камери од 8MP и капацитет на батерија од 4400 mAh. Треба да се спомне и последната верзија на Android 10, како и отклучување на телефонот со препознавање на лицето.

Смартчасовникот Blackview X1 е ценовно прифатлив смартфон со класични функции, кои корисниците би требало да ги привлече и со батерија што може да издржи до 10 дена со класично користење со едно полнење. Поврзувањето на телефонот со часовникот ги прикажува сите известувања, а има и 9 модули за спорт и следење на спортските активности со сензор за следење на отчукување на срцето.