Пофални зборови од корисниците за новата Magic Keyboard

Објавено на 12.05.2020 во Новости



Пофални зборови од корисниците за новата Magic Keyboard

13 инчениот MacBook Pro доаѓа со Magic Keyboard, наместо butterfly моделот. Ова е најголемата промена кај новиот модел на лаптоп на Apple, со оглед на тоа што корисниците претходно беа незадоволни од butterfly тастатурата.

13 инчерот се враќа на проверениот scissor switch, кој е присутен и кај Magic Keyboard тастатурите што ги има веќе во iMac, за која корисниците даваат само пофални зборови. MacBook Pro (13) под хауба ќе биде со Intel од 10-та генерација, 256GB внатрешна меморија, за која може да доплатите за да дојдете до неверојатни 4TB меморија.

Работната меморија (RAM) може да ја зголемите до 32GB, при што основниот модел доаѓа со 8GB RAM, додека за надградбата со 16GB ќе треба да доплатите уште 100 долари.

Автор: Aleksandar Stankov